Добивање на сертификат за акредитација

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија на 06.11.2013 година доби сертификат за акредитација под реден број 076 од Институтот за Акредитација на Република Македонија, како инспекциско тело Тип А и со тоа добивме потврда дека сме ги исполниле барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17020 : 2006.

Со оваа акредитација сме овластени да вршиме инспекција со издавање на сертификат и инспекциски извештај за извршена (контрола, технички преглед, периодични мерења и испитувања), како во Република Македонија, така и во останатите Европски држави.

Нашето инспекциско тело ќе ги вложи целокупниот свој напор и ресурси за да ги придвижиме границите на современото, квалитеното и модерно работење, со воспоставување на повисоки стандарди, поефикасна, економична и навремена инспекција со почитување на законската регулатива и барањата на клиентите.

Мисија на нашата организација е да им овозможиме на нашите клиенти :

  • навремени инспекции, резултати и услуги,
  • контрола со висок квалитет,
  • Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитувања на електрични инсталации за низок напон,
  • Инспекција (испитување) и повремени прегледи и периодични испитувања на системи за громобранска заштита,
  • Инспекција (испитување) и технички прегледи и периодични испитувања на енергетски трансформатори со мерење на отпор на изолација на намотки,
  • Инспекција (испитување) на напон на допир при потенцијална струја на куса врска,
  • Инспекција (испитување) на присуство на напон на чекор при потенцијална струја на куса врска,
  • Инспекција (испитување) на отпор на заземјување и специфичен отпор на земјата,
  • Инспекција (испитување) и контрола на готови производи, нисконапонски електрични склопови,
  • Инспекција (испитување) и контрола на микроклиматски услови во работна средина (контрола на темпертаура, контрола на релативна влажност, контрола на брзина на струење на воздухот, контрола на атмосферски притисок),
  • Инспекција (испитување) и контрола на штетностите во работна средина (контрола на бучава, контрола на осветленоста во отворени и затворени простории, контрола на емисија на прашина, контрола на емисија на СО2 и СО),
  • според прописите, националните и меѓународните стандарди,
  • со постојано задоволување на критериумите за однесување и со нагласување и почитување на уникатноста на секој клиент, фокусирање на своето внимание на анализа на неговите барања и воспоставуваме единствен професионален однос на доверба и долгорочна соработка.