Извршени првите обуки за безбедно работење на работното место

Согласно добиените овластувања и решение со кое ни се дозволува извршување на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа, акредитираното тело за инспекција ги изврши првите обуки за безбедно извршување на работата на вработените од АД Фабрика Слобода од Неготино. Обуките се извршени на основа на донесената Програма за обуки за безбедно извршување на работата.

Многу е важно вработените да ги оспособите за безбедна и здрава работа.

Зошто?

  • Како работодавател ќе ја извршите својата законска обврска.
  • Вашите вработени ќе бидат запознати со мерките за заштита на своето работно место – мерките за заштита од настанување на повреди на работа и професионални заболувања.
  • Вашите вработени ќе увидат дека вложувате напори за нивната безбедност и здравје на работа и повеќе ќе се интересираат за оваа област низ нивно активно учество.
  • Вашите вработени ќе ги сфатат своите права и обврски во системот за безбедност и здравје на работа како и одговорност.
  • Ќе го намалите бројот на повреди на работа и можноста за настанување на професионални заболувања.
  • Експертите од Акредитираното Инспекциско тело Технички Институт Македонија досега извршиле оспособување на вработени за безбедна и здрава работа во повеќе фирми.

Со богатото искуство и организирањето и одржување на едукација на тема безбедност и здравје на работното место, наше ангажирање и Вашите вработени ќе бидат оспособени за безбедна и здрава работа.

Ќе подготвиме предавања кои одговараат на Вашиот делокруг на работа и ризиците на работните места во Вашето претпријатие.

Ќе одговараме на сите Ваши прашања од оваа област. Ќе изработиме комплетна документација за извршените обуки, која понатаму ќе ја чувате во склад со прописите.