Отпочнување со работа

Акредитираното инспекциско тело Технички Институт Македонија, е правен субјект насочено кон остварување на материјални добра или услуги наменети за потрошувачот. Со својата работа почна на 21.05.2013 година. Оттогаш, претпријатието секојдневно ја зголемува и збогатува својата опрема која ја користи и го збогатува своето искуство.

Негуваме превземачка култура, која со технолошката совршеност потикнува создавање на знаење и трансформирање на знаењето во квалитетна услуга. Произлезено од желбите и потребите на нашите странки, за нив создаваме конкурентна предност. Пред се со константни инвестиции во развојот и ефикасноста на нашите услуги тежнееме кон тоа да станеме водечки во дејноста кај развојот на нови и уште подобри решенија.

Целта на претпријатието е да понуди услуги со високо ниво, конкурентни цени и во предодредените временски граници.

За таа цел, претпријатието нуди голем избор на услужни работи во делот на инспекцијата кака Акредитирано инспекциско тело, во делот на Безбедноста и здравје при работа, како комплетно заокружена целина исполнувајќи ги барањата на Законот за Безбедност и здравје при работа, во делот на имплементацијата на стандардите и понуди за нивна сертификација потребни за денешното модерно работење на претпријатијата, како и консалтинг при проектирање и надзор на поединечни проекти.